Му биле направени детални тестови пред да се врати на тренинг

Фудбалер на Баерн Минхен има срцеви проблеми по прележан ковид-19

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис ќе мора да паузира неколку недели, фудбалерот од Канада има воспаление на срцевиот мускул по прележан ковид-19.

Минатиот месец, Џошуа Кимих мораше да го пролонгира враќањето на тренинг откако ковид-19 му направи компликации, Германецот имал вода во белите дробови, и за да не направи штета на срцето и последици на долг рок, мораше да мирува наместо да тренира.

Ковид-19 му создаде мака и на Алфонсо Дејвис, денеска беше објавено дека левиот бек има воспаление на срцевиот мускул.

„Синоќа, по деталните прегледи кои ги правиме на сите играчи кои прележале ковид-19, кај Дејвис беше забележан благ миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул“ - откри тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

„Не е ништо драматично, но ќе мора да одмара и нема да тренира во следните неколку недели“.

„Големи се шансите дека воспалението на срцевиот мускул е од ковид-19, но не можам да потврдам со сигурност“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе