ТОМАС ДЕ ВИНСЕНТИ ГИ ЗАПАЛИ КИПРАНИТЕ

Фудбалер на АПОЕЛ нѐ нарече Македонија и ги налути навивачите, но така го научиле во училиште! (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер кој настапува за АПОЕЛ, Томас Де Винсенти нѐ нарече Македонија по што ги запали навивачите во Кипар и Грција, но тој не е крив, се водел од она како го учеле на училиште во неговата земја.

По слетувањето на аеродромот „Александар Велики“, Аргентинецот кој игра за АПОЕЛ, Томас де Винсенти на својот инстаграм профил објави слики и напиша: „Стигнавме во Македонија, утре нѐ очекува важен натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите". 
 
Објавата на фудбалерот разбирливо ги разбесни кипарските навивачи кои веднаш му се пуштија на фудбалерот, но тој не мисли дека погрешил, што дополнително ги фрли во очај фановите на АПОЕЛ.
 
„Jа почитувам Грција, но така нѐ научија во училиште. Немав намера никого да повредам" - им напиша Томас де Винсенти на навивачите на АПОЕЛ.
 
 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе