Неверојатна ситуација од Франција

Фудбалер доби суспензија од пет години, на противникот му го гризнал пенисот

Неверојатна ситуација доаѓа од Франција, фудбалер од аматерските лиги доби суспензија од пет години бидејќи на противникот му го гризнал пенисот.

Фудбалските работници од областа Моселан добиле необичен инцидент на разгледување, на нивната маса се нашла дисциплинска постапка против фудбалер кој на противникот му го гризнал пенисот.

Ваков „оргинален“ случај не се памети во фудбалот, па тие побарале дополнителни информации за тоа што се случувало на дуелот помеѓу Тервил и Сетриш од аматерска лига во Франција пред да донесат одлука.

Истрагата покажала дека инцидентот од ноември минатата година, всушност се случил по крајот на натпреварот, односно на паркингот на стадионот. Двајца играчи се спречкале, работите брзо ескалирале и настанала тепачка. Еден фудбалер на Тервил реши да притрча и да ги раздвои, и во тие моменти бил гризнат за пенисот од страна на играч на Сетриш.

Откако ги добила сите факти, дисциплинската комисија решила да нема милост за напаѓачот и да му одреди суспензија од пет години. Суспензија добил и повредениот играч, тој ќе одмара шест месеци.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе