Лигата на нации ќе добие нов шампион, вечерва во дербито во Групата 3 од Лига А, Франција триумфираше во Лисабон против Португалија со 0-1.
Единствениот гол падна по десетина минути игра во вториот дел. Патрисио го одбрани ударот на Рабио, но Канте прв дојде до одбиената топка и ја затресе мрежата.
На едно коло до крајот, „триколорите“ имаат +3 на врвот и се првата репрезентација која обезбеди настап на Ф4 турнирот, додека популарните „селесао“ нема да можат да го бранат трофејот.
На вториот натпревар од Групата 3, Шведска со 2-1 ја совлада Хрватска и си ги зачува шансите за опстанок во Лига А.
Кулушевски го отвори резултатот во 36. минута, а во последните мигови од првиот дел, Даниелсон погоди за 2-0. Истиот играч во 82. минута ја затресе сопствената мрежа и ја направи интересна завршницата од мечот.