Голема прослава

Франција ги поздрави шампионите, парада на Шанзелизе и прием во Елисејската палата (ФОТО+ВИДЕО)

Експедицијата на „Триколорите" се врати дома со трофејот од Светското првенство, стотина илјади фанови на Шанзелизе ги поздравија новите херои кои на крајот беа примени од претседателот Емануел Макрон.

Скромна прослава на Франција за шампионската титула. Новите херои на нацијата нешто пред 17 часот слетаа на Шарл де Гол аеродромот. Прв од авионот излезе капитенот Хуго Лорис, кој го покажа златниот пехар.

За кратко време експедицијата на „Триколорите“ се качи во автобус и тргна за центарот на Париз, каде направи трансфер и се префрли во отворен автобус со кој фудбалерите парадираа со трофејот на Шанзелизе, каде беа поздравени од стотина илјади фанови, а над нив прелетаа авиони кои го обоија небото во боите на знамето на Франција

На крајот тие беа пречекани во Елисејската палата од претседателот Емануел Макрон, каде сите заедно ја испеаа химната, популарната Марсељеза.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе