Уште на тој континент нема

Формула 1 сака трка во Африка

Формула 1 сака африканска трка, а Мароко и Република Јужна Африка се најверојатните дестинации за натпревари, изјави маркетинг директорот Шон Брачес. 

Руанда и Нигерија се две други земји кои се заинтересирани за организација на трка.

– Ова е една од дестинациите, за кои се интересираме. Во моментов имаме трки на пет континенти и единствениот без Формула 1 е токму Африка. Имаме доста продуктивни разговори со Република Јужна Африка и до помал степен со Мароко за ГН, па така нешто се прави за ова прашање, кое ни е важно, рече тој.

Брачес додаде дека Мароканците преферираат градска трка во Маракеш, а властите гледаат на оваа опција како можност за раст и туризам. Оваа земја веќе е домаќин на трка од Формула Е сериите.

– Многу трки се поддржани од Владата и тоа функционира. Ние им помагаме на овие градови, додаде Брачес.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе