Кралевите веќе најдоа негова замена

Формата на Модриќ се движи во надолна линија, Реал Мадрид сака да го продаде

Реал Мадрид ќе го продаде Лука Модриќ доколку стигне соодветна понуда за него, бидејќи тие веќе го имаат договорено трансферот на Кристијан Ериксен кој треба да биде новиот плејмејкер. 

Откако ја освои Златната Топка формата на Лука Модриќ се движеше во надолна линија, тој се вкопи во сивилото на Реал Мадрид оваа сезона.
 
Според „АС“, Зидан се сомнева во иднината на Хрватот и смета дека неговото време во стартниот состав на Реал Мадрид истекува.
 
Перформансите кои ги прикажува Модриќ се под неговото ниво, па Реал Мадрид е подготвен да го продаде Хрватот.
 
Негова замена ќе биде Кристијан Ериксен од Тотнем, се верува дека овој трансфер е веќе договорен, а ќе биде соопштен по завршувањето на сезоната.
 
Интерес за Модриќ минатото лето имаше од Интер.
 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе