Моцарт стана спонзор на Шкупи и Академија Пандев

Компанијата за спортско обложување, Моцарт започна соработка со два клуба од Првата македонска фудбалска лига, со моменталниот лидер на табелата, Шкупи и со Академија Пандев која исто така е при врвот. 

Цел на оваа кампања е да се обезбеди финансиска поддршка на спортските клубови ширум Македонија.

„Компанија Моцарт на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, а горди сме што склучивме соработка и со еден од најпознатите фудбалски колективи во државата. Веруваме дека со ова партнерство ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во наредниот период.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Моцарт.

„Пред сè, морам да се заблагодарам на компанијата Моцарт, која нѐ поддржа и стана наш спонзор. На глобално ниво, тие отсекогаш биле голем поддржувач на спортот воопшто, како спонзори на многу големи клубови во Европа. Се надеваме дека нашиот договор со Моцарт ќе продолжи уште многу години. За фудбалската лига во Македонија, за нашиот клуб и за нашата земја, ваквата поддршка отсекогаш била неопходна, за нашите тимови да се развиваат уште повеќе.“- изјави генералниот директор на ФК Шкупи, Февзи Лајиќ.

Логото на оваа компанија ќе се најде и на дресовите на ФК Академија Пандев, тим во сопственост на македонската фудбалска легенда Горан Пандев.
 
„Голема благодарност до компанијата Моцарт која влегува како спонзор на ФК Академија Пандев и ќе биде ексклузивен бетинг партнер на клубот. Морам да напоменам дека Моцарт е прва компанија која го препозна нашиот клуб како успешна приказна и самоиницијативно ни достави барање за соработка и да помогне во развојот и остварување на амбициите на клубот“, изјави членот на Управниот одбор и капитен на тимот Сашко Пандев.
 
 
 Помладиот брат на Горан Пандев, притоа, изрази надеж дека „соработката ќе трае долги години, а компанијата Моцарт ќе продолжи да биде голем поддржувач на спортот во нашата земја.
 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе