Нов клуб влегува во битката за услугите на Македонецот

Фиорентина сериозно „загриза“ за Елмас, испраќа понуда од 15 милиони евра!

Нов клуб влегува во трката за потписот на Елиф Елмас, Фиорентина сериозно „загриза" за Македонецот и наскоро ќе достави конкретен предлог вреден 15 милиони евра.

Нема ден а медиумите од Турција да не шпекулираат за иднината на Елиф Елмас. Последните информации велат дека во трката за потписот на Македонецот се приклучува Фиорентина.

Се говори дека првичен контакт помеѓу двата клуба е остварен, и наскоро „виолетовите“ ќе испратат конкретен предлог и понуда од 15 милиони евра.

Фенербахче има катастрофална сезона, клубот има и проблем со финансиите, па може да се откаже од големиот талент за да ја наполни клупската каса.

Оваа недела веќе беше објавено дека Елиф Елмас одбил трансфер во Кардиф, и дека скаути на Лацио, Борусија Дортмунд и уште неколку клубови од Премиерлигата биле во Љубљана и го следеле настапот на „дијамантот“ на мечот од квалификациите за Европското првенство помеѓу Словенија и Македонија.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе