ЕВРО 2020

Финска ја победи Данска во меч во кој фудбалот беше во втор план (ВИДЕО)

Финска направи изненадување победувајќи ја Данска со 1-0 во натпревар во кој фудбалот беше во втор план поради случувањата со Кристијан Ериксен. 

Данска имаше потполна доминација над Финска во текот на целот меч, но една контра на Финците го реши победникот на овој натпревар.
 
Данците напаѓаа од почетокот на мечот, а во финишот од првиот дел се случи момент кој предизвика шок на стадионот, Ериксен колабираше на теренот. Лекарите се бореа за неговиот живот и го спасија. Тој е во стабилна состојба во болница.
 
Натпреварот еден час беше во прекин, потоа продолжи. Данска повторно беше напаѓачки ориентирана, но по една контра Похјанпало погоди со глава за водство на Финска од 1-0.
 
Во 74. минута беше досуден пенал за Данска, Хојбјерг шутираше лошо, Храдецки го одбрани неговиот удар и го сочува водството на Финска.
 
До крајот на мечот се редеа нападите кон голот на Финците, но патот до мрежата не беше пронајден.
 
На крајот Финска славеше победа во својот деби настап на Европските првенства, Данска може да жали за поразот, но Данците се среќни што Кристијан Ериксен е жив, тоа беше најважно на овој меч.

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе