Истанбул втора година по ред остана без организација

Финалето од Лигата на шампиони ќе се игра во Порто, Челси и Манчестер Сити ќе добијат по 6.000 билети

УЕФА попладнево потврди дека „Драгао" стадионот во Порто ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, Челси и Манчестер Сити ќе добијат по 6.000 билети.

Истанбул втора година по ред остана без организација на завршницата од најелитното европско натпреварување. Плановите беа пореметени откако Велика Британија ја стави Турција на црвената листа поради големиот број на случаи на ковид-19.

УЕФА потоа преговараше финалето да се игра во Англија, но откако не успеа да најде заеднички јазик со владата на Велика Британија, попладнево пристигна соопштение дека Порто ја добил организацијата.

Челси и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите на „Драгао“ стадионот на 29. мај. Двата клуба ќе добијат по 6.000 билети а во следните денови ќе се дефинира точната бројка на навивачи кои ќе присуствуваат на трибините, а со тоа и бројот на билети кои ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе