Пет часа епска битка

Финале за незаборав, Ѓоковиќ го победи Федерер и по петти пат го освои Вимблдон!

По пет часа епска битка, Новак Ѓоковиќ со 3-2 го победи Роџер Федерер и по петти пат го освои големиот трофеј на Вимблдон, Швајцарецот може да жали, пропушти две меч топки на свој сервис.

Ѓоковиќ ја одбрани круната на Вимблдон во меч кој ќе се прераскажува. Новак и Роџер уште еднаш ја покажаа својата големина, играа меч пет часа на највисоко ниво, на крајот Србинот се радуваше на победата.
 
Ова е петти трофеј за Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, а дека е тенисерот кој е во најдобра форма во моментов стои фактот дека го освои четвртиот грен слем турнир од последните пет.
 
Во првиот сет се играше тајбрејк кој го доби Ѓоковиќ со 7-5, но во вториот Федерер беше фуриозен, загуби само еден гејм, го доби сетот со 6-1 и изедначи на 1-1.
 
Новак го врати водството во сетови со речиси идентичен сет како и првиот, добиен по тајбрејк, овој пат со 7-4. Четвртиот му припадна на Федерер со 6-4 и се влезе во петти решавачки сет.
 
Во петтиот сет за прв пат на Вимблдон се играше според новото правило, беше 12-12 во гејмови и тогаш се премина на тајбрејк. И третиот тајбрејк во овој меч му припадна на Новак Ѓоковиќ овој пат за голем триумф.
 
Роџер Федерер може да жали бидејќи при водство од 8-7 во гејмови во петтиот сет, имаше 40:15 на свој сервис, пропушти две меч топки и на крајот го изгуби натпреварот.
 
Ова беше 16 грен слем титула за Новак Ѓоковиќ во кариерата, петта на Вимблдон.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе