Празни трибини како превентива од ширење на коронавирусот

Филипче: Сметам дека дуелот Македонија-Косово треба да се игра без публика

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека баражот помеѓу Македонија и Косово за ЕВРО 2020 треба да се игра пред празни трибини како мерка на дополнителна претпазливост од ширење на коронавирусот.

Македонија на 26. март го пречекува Косово во бараж за Европското првенство. Двете селекции бркаат историски прв пласман, па интересот кај јавноста е голем. Но постои можност натпреварот да се игра пред празни трибини. Причина е коронавирусот, кој во Европа, особено Италија, зема се поголем замав.

Во моментов, во Македонија има само еден заразен и препорка е сите спортски настани до 13. март да се организираат без публика. Но Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека оваа препорака треба да важи и за дуелот со Косово, како дополнителна мерка на претпасливост со оглед на тоа дека ќе има гости од странство.

„Лично сметам дека за сите спортски натпревари, вклучително и Македонија-Косово, ние треба да бидеме вниматели и да се игра без публика. Зошто? Бидејќи на такви натпревари, посебно меѓународни, ќе има гости од странство. Тој спортски натпревар е нешто покасно, после 20. март. Оваа забрана ќе ја препорачаме да трае уште една недела, до 13. март“ – изјави Венко Филипче на денешната прес конференција во Владата на Македонија.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе