Голем трансфер на македонскиот фудбалер

Филип Антовски потпиша за Австрија Виена

Македонскиот младински репрезентативец, Филип Антовски потпиша за австрискиот гигант, Австрија Виена. 

20-годишниот лев бек Филип Антовски е вардарово дете, во 2018 премина во Динамо Загреб од каде лани беше испратен на позајмица во Славија Софија.
 
Ова лето одигра неколку пријателски натпревари за Австрија Виена, ги освои челниците на овој клуб кои денеска го промовираа како ново засилување.
 
„Филип Антовски е многу интересен фудбалер - технички вешт, пргав и со офанзивен приод. Има голем потенцијал, сакаме да му дадеме поддршка да го искористи и се надеваме дека ќе ужива тука во иднина, и за некое време ќе може да ни помогне. Ние сакаме на секоја позиција да имаме по двајца добри фудбалери“, вели спортскиот директор на Австрија Виена, Мануел Ортлехнер.
 
Антовски е среќен поради трансферот и вети дека ќе го дава максимумот на секој меч.
 
„Чест ми е што ќе бидам дел од еден од нјдобрите клубови во Австрија кој има толку многу историја и традиција. Можам да ветам деа ќе го давам најдоброто за Австрија Виена во секоја минута која ќе ја одиграм. Многу сум среќен што сум дел од оваа фамилија“, изјави Антовски.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе