Клубот на Бекам има големи амбиции

Фил Невил ја напушти Англија и замина на печалба во САД, потпиша за Интер Мајами

Интер Мајами го промовираше Фил Невил за нов тренер, Англичанецот и клубот од САД си подадоа рака за двегодишна соработка.

Фил Невил денеска ја напушти женската репрезентација на Англија, стратегот реши да замине на печалба во САД и да потпише за Интер Мајами, каде ко-сопственик е Дејвид Бекам. 

Детали од соработката не беа откриени, медиумите пишуваат дека двете страни си подале рака за двегодишен договор. 

„Задоволен сум што ми се укажа прилика да бидам тренер на Интер Мајами. Се работи за млад клуб кој многу ветува. Ќе си поставам предизвик да направиме прогрес и да изградиме натпреварувачки дух на кој сите ќе бидеме горди“ - вели Фил Невил.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе