Смета дека навивачите на Барса се однесувале срамно

Фиго 20 години по контроверзниот трансфер во Реал: Не се сеќавам дека со свинска глава го гаѓаа и Лаудруп

Луис Фиго по 20 години од трансферот во Реал Мадрид се пожали за третманот кој го добил на Камп Ноу кога беше гаѓан со свинска глава, вели дека немало таков пречек за Михаел Лаудруп, кој исто така направи предавство.

Летото во 2000 година, Луис Фиго стана најомразениот лик во Каталонија откако ја напушти Барселона и се пресели во лутиот ривал Реал Мадрид. Кога се врати на Камп Ноу во белот дрес, Португалецот беше гаѓан со свинска глава и шишиња.

20 години по контроверзниот трансфер, Португалецот се пожали за третманот кој го добил, и посочи дека таков пречек немало за Михаел Лаудруп, кој исто така од Барселона се пресели во Реал Мадрид.

„Луѓето заборавија една работа, јас во Барса стигнав наместо Лаудруп, кој тогаш потпиша со Реал Мадрид. Не паметам дека и него го гаѓаа со свинска глава и стаклени шишиња на Камп Ноу. Знаев дека ме чека пекол, но тоа што го сторија навивачите на Барселона беше срамно“ – вели Луис Фиго.

Запрашан дали сега можеме да видиме вакво предавство, тој вели дека е многу тешко, но не и невозможно.

„Многу потешко е сега да се случи ваков трансфер, но ништо не е невозможно во светот на фудбалот. Клубовите сега се многу попретпазливи и се штитат со високи клаузули. Но и јас мислев дека никој никогаш нема да ја плати мојата клаузула“ – додава Фиго, кој се пресели во Мадрид откако Реал ја активираше неговата клаузула вредна 60 милиони евра.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе