Војната продолжува

ФИФА застана на страната на Барса, Нејмар ја загуби првата битка

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека ФИФА донела одлука по жалбата на Нејмар кој од Барса бара исплата на 40 милиони евра, светската куќа на фудбалот нема да превземе никаква санкција врз „Каталонците"

Разделбата помеѓу Барса и Нејмар не беше пријателска, двете страни се во војна околу бонусите за лојалност кои клубот од Камп Ноу не му ги исплати на играчот.

Нејмар прв повлече потег и се пожали до ФИФА, Бразилецот бараше светската куќа на фудбалот да ја принуди Барса да му исплати 40 милиони евра.

Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека ФИФА ги известила Нејмар, неговите агенти и Барселона за одлуката.

Светската куќа на фудбалот застанала на страната на Барса и го одбила барањето на Нејмар. Напаѓачот сега терба да одлучи дали целиот случај ќе го изнесе пред Судот за спортска арбитража.

„Каталонците“ можеби ја добија првата битка, но војната продолжува пред судот во Барселона, каде Нејмар има поднесено тужба и си ги бара бонусите плус камата, а Барса има поднесено тужба и бара 75 милиони евра оштета бидејќи играчот прекршил низа одредби од договорот.

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе