ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА САУДИСКА АРАБИЈА СЕ ИЗВИНИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ

ФИФА одби да ја казни Саудиска Арабија за непочитувањето на минута молк за жртвите во Лондон

Саудиска Арабија нема да сноси последици поради срамниот однос кој го имаа фудбалерите од оваа земја на пријателскиот меч во Австралија кога одбија да испочитуваат минута молчење за жртвите од терористичките напади во Лондон.

Осум луѓе беа убиени меѓу кои и двајца австралиски државјани, а повеќе од 50 беа повредени во последниот терористички напад во Лондон.
 
Во четвртокот се одигра пријателски меч помеѓу Австралија и Саудиска Арабија. 
 
Кога спикерот објави дека треба да има минута молчење за жртвите во Лондон, австралискиот тим се подреди како што треба и ја испочитува минутата молк, за разлика од играчите на Саудиска Арабија кои беа расфрлани по теренот и се уште се загреваа.
 
ФИФА објави дека нема да преземе никаква санкција против Саудиска Арабија за срамното однесување кое беше осудено преку социјалните мрежи.
 
„По прегледувањето на извештајот и сликите од мечот, можеме да потврдиме дека нема да преземеме дисциплинска мерка“ - стои во соопштението на ФИФА.
 
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија се извини поради инцидентот.
 
„Фудбалската федерација на Саудиска Арабија длабоко жали и безрезервно се извинува за било каква навреда направена од некои членови на репрезентацијата кои не ја испочитуваа минутата молчење како што е предвидено“ - стои во соопштението.
 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе