Промени на трансфер пазарот

ФИФА најавува реформи, клубовите ќе треба да престанат да „трупаат“ фудбалери

Светската куќа на фудбалот ги соопшти реформите кои планира да ги спроведе кога се во прашање позајмиците, целта е да се спречи клубовите да „трупаат" фудбалери.

ФИФА веќе подолго време најавува промени на трансфер пазарот, реформите ќе почнат со позајмиците.

Во иднина, минимално време на позајмица ќе биде од еден до друг преоден рок, а максималното време ќе биде една година. Ќе биде забрането фудбалер кој е веќе на позајмица во еден клуб, да биде испратен на позајмица во трет клуб.

Ќе биде лимитиран бројот на позајмици помеѓу два клуба, соработката ќе биде ограничена на три позајмици во еден правец, и три позајмици во друг правец.

Ќе се ограничува и бројот на позајмици, во сезоната 2022/23 клубовите ќе можат да дадат најмногу 8 позајмици (и да добијат 8 позајмици), во сезоната 2023/24 ќе можат да дадат најмногу 7 позајмици (и да добијат 8 позајмици) а во сезоната 2024/25 ќе можат да дадат најмногу 6 позајмици (и да добијат 8 позајмици).

Правилата нема да важат за играчи до 21 година, и играчи кои се продукт на школата.

За почеток, овие правила ќе важат само за интернационални трансфери, а домашните првенства ќе добијат рок од три години да ги имплементираат истите правила.

Целта на ФИФА е клубовите да престанат да „трупаат“ фудбалери и младите играчи подобро да се развиваат.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе