ФИФА ќе го казни Кардиф ако не го плати трансферот на Сала

Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да воведе санкции за Кардиф ако клубот не го запази рокот за првата рата за трансферот на Сала. 

Кардиф до крајот на следната недела треба да му плати пет милиони евра на Нант.

Претходно беше објавено дека велшкиот клуб сака да ги почека резултатите од официјалната истрага, која ќе ги открие околностите на исчезнувањето на 28-годишниот Аргентинец, чиј приватен авион исчезна од радарските екрани над Ла Манш вечерта на 21 јануари.

Сала, чиј трансфер е проценет на 20 милиони евра, не одигра ниту еден натпревар за Кардиф.

Британските служби објавија дека телото извлечено од авионот урнат на дното на Англискиот канал со кој Сала полета во Кардиф му припаѓа на фудбалерот. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе