СП 2022

ФИФА ја претстави полуавтоматската офсајд технологија за СП во Катар (ВИДЕО)

ФИФА денеска и официјално потврди дека на Светското првенство во Катар ќе се користи нова, полуавтоматска технологија за офсајд. 

Со новата офсајд технологија ќе се намали времето на одлука за офсајд од 70 на 25 секунди. Таа ќе биде дополнување за ВАР и ќе се користи и за други ситуација.
 
Тоа е систем од 12 камери и сензор во топката која ќе испраќа 500 податоци во секунда и точно ќе определува кога е шутната топката, а камерите ќе го регистрираат евентуалниот офсајд со стоотстотна синхронизираност и брзо ќе биде донесена одлуката.
 
Визуелизацијата ќе може да биде видена и на стадионот и на малите екрани.
 
Оваа технологија пробно се користеше на Арапскиот куп и на Светското клупско првенство.
 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе