Иако и тоа спаѓа во категоријата: Политички пораки

ФИФА: Играчите кои протестираат против расизмот ќе добијат аплауз, не казна

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја отфрли можноста да бидат казнети фудбалерите во Бундеслигата кои протестираа против расизмот по убиството на Џорџ Флојд.

Иако ФИФА и УЕФА строго забрануваат политички пораки за време на натпреварите, сепак борбата против расизмот ја гледаат како нешто сосема поинакво.

Четворица фудбалери од Бундеслигата минатото коло прославуваа голови истакнувајќи анти расистички пораки.

ФИФА исто така се бори против расизмот, па Инфантино вели дека играчите кои прославуваат на таков начин може да добијат само аплауз.

„ФИФА комплетно ја разбира чуствителноста и загриженоста на многу фудбалери по трагичниот случај со Џорџ Флојд“, вели Инфантино.

„Ние се бориме против расизмот и секаков вид на дискриминација. Ние самите правиме анти расистички кампањи“.

„Правилата на играта дозволуваат организаторите на натпреварувањата сами да направат проценка за контекстот на пораките“.

„За ФИФА нема дилеми, демонстрациите на фудбалерите на натпреварите од Бундеслигата заслужуваат аплауз, не казна“.

„Мораме да кажеме НЕ на расизмот и било која друга форма на дискриминација. Мора да кажеме НЕ на насилството во било која форма“.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе