Евентуалните промени ќе се случат по Изборното собрание

ФИФА и УЕФА: Статутот на ФФМ не смее да се менува пред изборите

ФИФА и УЕФА застанаа зад актуелното раководство на ФФМ и првиот човек Муамед Сејдини откако испратија писмо во кое велат дека промени на статутот може да се случат само по завршувањето на Изборното собрание. 

Агенцијата за млад и спорт (АМС) е во војна со ФФМ поради тоа што фудбалската федерација одбива да го усогласи статутот со законот за спорт. Претседателото Муамед Сејдини доби поддршка и од ФИФА и УЕФА, па нема да смеат да се направат промени додека не помине Изборното собрание за кое се уште нема конкретен датум, но треба да се случи наскоро.
 
„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА  ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.
 
Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.
 
Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.
 
Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“, се вели во соопштението.
 
 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе