Испратија моќна порака

ФИФА и СЗО ги здружија силите: Споделете, со овие пет чекори да го победиме коронавирусот (ВИДЕО)

28 фудбалери и фудбалерки ширум светот земаа учество во кампањата која ја започнаа ФИФА и СЗО во борбата против коронавирусот и испратија моќна порака за чекорите кои треба да се превземат за стопирање на заразата.

Светската куќа на фудбалот неодамна донираше 10 милиони долари во борбата со Ковид 19, а сега реши да ја искористи и популарноста на фудбалерите за да ја подигне свеста кај луѓето за тие да ги применуваат препораките на Светската здравствена организација

ФИФА и СЗО започнаа кампања во која учество земаа 28 фудбалери и фудбалерки ширум светот а најзвучно име е Лео Меси. Играчите на нивните социјални мрежи ќе објават видео во кое се објаснуваат чекорите кои треба секој да ги превзема за стопирање на заразата.

„Потребна е тимска работа за да го победиме коронавирусот. Затоа ФИФА ги здружи силите со СЗО, здравјето е поважно од се друго. Го повикувам фудбалскиот свет да се придружи, да даде поддршка на кампањата и да помогне пораката да пристигне до што поголем број луѓе“ – изјави претседателот Џани Инфантино.

РАЦЕ:

„Се започнува со вашите раце“ – вели голманот на Ливерпул, Алисон Бекер. „Ве молам мијте ги вашите раце често, со сапун и вода или со средство на база на алкохол“.

ЛАКТИ:

„Кога кашлате или кивата, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакт. Или користете хартиени марамчиња, но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете“ – вели Карли Лојд, двоен светски шампион со женската репрезентација на САД.

ЛИЦЕ:

„Избегнувајте да го допирате лицето, особено вашите очи, нос и уста, на тој начин ќе спречите вирусот да влезе во вашето тело“ – вели напаѓачот на Барселона, Лео Меси.

СТОЈТЕ ПОДАЛЕКУ:

„Кога разговарате со некого, вратете се еден чекор наназад“ – вели Хан Дуан, која 188 пати го има облечено дресот на репрезентацијата на Кина. „Бидете најмалку на еден метар дистанца“.

ИМАТЕ СИМПТОМИ:

„Доколку не се чувствувате добро, останете дома“ – вели поранешниот играч на Барселона и Интер, Самуел Ето. „Ве молиме следете ги сите насоки на вашите локални здравствени организации“.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе