Дали дефанзивецот на Ливерпул може до ново признание?

ФИФА ги откри финалистите за наградата „Д Бест“, Меси, Роналдо и Ван Дајк ќе имаат нова битка

Лео Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк ќе се борат за награда Фудбалер на годината во избор на ФИФА, попладнево во Милано беа објавени финалистите за церемонијата „Д Бест".

Аргентинецот, Португалецот и Холанѓанецот веќе седеа еден покрај друг кога минатиот четврток УЕФА во Монако ги прогласуваше најдобрите за минатата сезона.

Тројцата сега ќе се борат и за наградата Фудбалер на годината во избор на ФИФА односно трофејот „Д Бест“. Светската куќа на фудбалот попладнево ги објави финалистите и сосема очекувано Лео Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк се имињата.

На цереминијата во Милано ќе се избира и најдобра фудбалерка, најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, најдобрите голмани во машка и женска конкуренција, а ќе се додели и трофејот „Пушкаш“ за најубав гол.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе