Принудни решенија предизвикани од коронавирусот

ФИФА донесе решение за договорите на фудбалерите и преодниот рок

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино потврди дека договорите на фудбалерите кои им завршуваат на 31 мај ќе бидат продолжени додека сезоната не заврши, а преодниот рок ќе биде поместен. 

ФИФА на состанок со комитетот на фудбалски акционери, претставници на клубовите, играчите, лигите, националните федерации и конфедерации донесе неколку заклучоци за која поради коронавирусот се потребни нови, прилагодени правила.
 
Дел од фудбалерите имаат важечки договори со клубовите до 30 јуни, а сезоната сигурно ќе трае подолго. ФИФА одлучи дека договорите ќе можат да бидат продолжение се додека не заврши сезоната.
 
Проблем е и преодниот рок, ФИФА го поместува периодот за ангажман на нови фудбалери. Тој би требало да биде во паузата меѓу двете сезони, датумите дополнително ќе бидат утврдени.
 
„Пандемијата Ковид-19 јасно е дека ги помести сите фактички околности околу фудбалот оваа сезона“, вели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
 
„Па, ФИФА заедно со акционерите, дојде до некои практични идеи и предлози за решавање на овие околности“.
 
„Иако ова нема да го реши секој проблем, потребно е да се донесат мерки за стабилност и јасност во фудбалот за оваа блиска иднина“.
 
„Една работа им е јасна на сите, посебно сега, здравјето е на прво место, а потоа фудбалот“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе