Поради коронавирусот

ФФМ потврди: Фудбалот во Македонија се суспендира на неопределено време

ФФМ соопшти дека фудбалските активности во Македонија ќе се прекинат на неодредено време поради актуелната состојба со коронавирусот. 

Сите фудбалски лиги во Македонија ќе бидат прекинати на неодредено време како дел од мерките за превенција од коронавирусот.
 
„Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.
 
Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID - 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници - концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. 
 
Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID - 19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици“, стои во соопштението на ФФМ.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе