ЕВРО 2020

ФФМ од УЕФА бара најстрога казна за Арнаутовиќ

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека го пријавила Арнаутовиќ на УЕФА и бара најстрога казна за австрискиот фудбалер. 

Марко Арнаутовиќ може да биде суспендиран доколку УЕФА одлучи позитивно на дописот на ФФМ во кој се бара строга казна за напаѓачот.
 
„Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот  репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди  и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.
Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме  интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, стои во соопштението на ФФМ.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе