Македонија - Косово

ФФМ испрати допис до УЕФА со кој бара одложување на мечот меѓу Македонија и Косово

Фудбалската федерација на Македонија официјално побара од УЕФА да се одложи мечот со Косово поради ситуацијата со коронавирусот. 

Натпреварот меѓу Македонија и Косово треба да се игра без публика, но проблем е и пристигнувањето на Пандев, Елмас и Несторовски кои играат во Италија. Со новите мерки на Владата на Македонија, сите лица кои пристигнуваат од земји со висок степен на ризик треба да поминат 14 во карантин. Ако не може да се направи исклучок за македонските репрезентативци Македонија би била драстично ослабена за дуелот со Косово. Па поради овие причини ФФМ бара одложување на мечот.
 
„Фудбалската федерација на Македонија официјално со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Европското првенство, закажан за 26. Март 2020. на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
 
Во дописот до Европската куќа на фудбалот, покрај проблемот со гледачите (забрана од македонската Влада за присуство на публика), ФФМ го потенцира проблемот со пристигнувањето на фудбалерите од репрезентацијата во нашата држава, односно евентуалната изолација / карантин за одредени фудбалери кои би пристигнале од земјите со висок степен на присуство на вирусот COVID-19.
 
Токму поради овие вонредни причини, Фудбалската федерација на Македонија е во постојана и интензивна комуникација и со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје и во целост се придржуваме кон нивните препораки, донесените мерки или забрани.
 
Исто така, по консултации со претставници на Фудбалските федерации на Грузија и Белорусија, една од двете држави кои беа одредени за домаќини на финалниот натпревар од Лига на нации на 31. март за пласман на ЕУРО 2020, неофицијалните информации велат дека е можно, репрезентацијата која би обезбедила пласман во финалето, да се соочи со одредени мерки на претпазливост за здравствена заштита при влез во една од државите. И во однос на ова, ФФМ, исто така е во постојан контакт со споменатите федерации и УЕФА.
 
Согласно последните препораки и забрани од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID-19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици“, стои во соопштението на ФФМ.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе