ФФМ ѝ предаде терен со вештачка трева на Академија Пандев (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија денеска во Струмица во употреба пушти терен со вештачка трева наменет за Академија Пандев. 

Од Академија Пандев синоќа најавија дека ќе излезат од Првата лига доколку ФФМ не го прилагоди статутот со Законот за спорт, но денеска нивни претставници беа на примопредавањето на терен со вештачка трева.
Целиот проект чини 280.000 евра, а средствата се обезбедени преку Хет-трик програмата на УЕФА.
На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев беа присутни раководните луѓе на ФФМ, предводени од претседателот Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и претставникот на Академија Пандев, Мартин Алаѓозовски.
„За Фудбалската федерација на Македонија денот како денешниот кога отвораме нови фудбалски терени секогаш се посебни и значајни. Овој терен е првиот со најмодерна вештачка трева во Македонија, без гранули и во вредност од 280 илјади евра како помош од ФФМ и УЕФА за фудбалскиот регион од кој секогаш произлегуваат македонски фудбалски репрезентативци“, вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
 „За нас е исклучително важно што докажавме дека ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до обезбедување услови за најдобрата репрезентација за пласман на големи натпреварувања. 
Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата ќе овозможи клубовите да поставуваат нови цели кои ќе значат успех и за нив, но и за нашите национални тимови. Токму затоа вложуваме во сите региони во државата. Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања со клубовите и општините, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија. 
Со здравје да се користи новиот терен и нека биде поттик за сите други да вложуваат во фудбалот“, рече претседателот на ФФМ.



Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе