Квалификации за СП 2022

ФФМ ги одреди цените за мечот на Македонија со Исланд

Македонската фудбалска репрезентција на 14. ноември го игра последниот меч од квалификациите за СП, протвник ни е селекцијата на Исланд, билетите за овој натпревар ќе бидат по 150 и 300 денари.

На денешната седница на Управниот Одбор, ФФМ донесе неколку одлуки, меѓу кои и цените за натпревари на македонските репрезентации.

Македонија прво гостува кај Ерменија, а потоа на 14. ноември го пречекува Исланд на Националната арена „Тодор Проески“, мечот почнува од 18 часот, а билетитиее ќе бидат по 150 и 300 денари за јужната и северната трибинан.

За натпреварот меѓу селекциите Македонија и Франција до 21 година, билетите ќе бидат по 100, 150 и 200 денари за јужната и северна трибина. Тој меч се игра на 16. ноември од 18:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Претходно, на 26. октомври играат женските репрезентации на Македонија и Луксембург, билетите за овој дуел се 100 денари. Мечот се игра во Охрид на стадионот „Билјанини извори“.

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република С. Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.

- У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;

- У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров; 

- У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе