Можете да гласате за пет категории

ФФМ ги објави номинациите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/2017

Фудбалската федерација на Македонија ги објави номинациите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/2017, јавноста ќе може да гласа за пет категории.

Во конкуренција за најдобар фудбалер номинирани се Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани од Шкендија и Стефан Спировски кој во минатата сезона настапуваше за Вардар.
 
За најдобра фудбалерка конкурираат Илза Маскути од АС Јунајтед, Јана Чубриновска од СЦ Истатов и Александра Ристовска од Тиверија.
 
За најдобар млад фудбалер конкурираат Елиф Елмаз кој играше за Работнички, Јани Атанасов од Академија Пандев и Енес Фазлагиќ од Шкендија.
 
Во категоријата за најдобар младински тренер се Горан Станковски од кадетската екипа на Работнички и Беким Османи од младинците на Шкендија.
 
За најдобар футсал играч кандидати се Александар Глигоров и Драган Петровиќ од Велес, како и Еркан Сефери од Шкупи.
 
За номинациите од овие пет категории можете да гласате на овој ЛИНК.
 
За останатите категории, како на пример тренер на годината, најдобар фудбалер во странство, решава ФФМ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе