Соопштение на ФФМ

ФФМ добила повеќе од 10.000 барања за билети, на ЕП ќе одат помалку од десет проценти од тие кои аплицирале

Фудбалската федерација на Македонија излезе со детали за продажбата на влезниците за Европско првенство и информации за оние кои ќе одат да ја гледаат македонската репрезентација. 

Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
 
Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство во нашата држава дека одделот во ФФМ задолжен за распределба на билети за натпреварите на македонската репрезентација за Европското првенство преку електронска форма има добиено вкупно 10.395 барања за купување на влезници за натпреварите на Македонија од групната фаза за ЕУРО 2020.
 
Бројката на пристигнати апликации е примена до 25. мај 2021 година.
 
Изразуваме почит и благодарност до секој поединец со искрена намера да ја бодри нашата репрезентација на ЕП, но истовремено мораме одново да пратиме важна напомена дека во услови на здравствени ограничувања, обврска за почитување на протоколите на УЕФА, строго лимитираната квота на билети која ни беше ставена на располагање од УЕФА, можноста да им овозможиме купување на влезници на сите наши фанови практично беше невозможна.
 
Имајќи го во предвид бројот на билети кои ги имаше на располагање, ФФМ можеше да задоволи помалку од десет проценти од лицата кои аплицираа за билети за ЕП.
 
Согласно одлуката на Управниот одбор на ФФМ, приоритет за купување на влезници да добијат здравствените работници, „Куќата на фудбалот“ информира дека од вкупниот број билети со кои располагаше Фудбалската федерација на Македонија, приоритет беше даден и најголем процент за купување на билети добија здравствените работници и навивачите на македонската репрезентација.
 
ФФМ преку одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со сите навивачки групи во државата кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата на ЕП и согласно нивните барања и бројот на билети кој можеше да биде ставен на располагање, ФФМ обезбеди можност 200 навивачи организирано да патуваат во Романија.
 
Во оваа прилика јасно истакнуваме дека за време на патувањето, престојот и присуството на натпреварите во Букурешт, навивачите ќе бидат придружувани исклучиво од лица од одделот за безбедност и интегритет на ФФМ, Комисијата за безбедност при ФФМ и делегирани претставници од Министерството за внатрешни работи на Македонија. 
 
Роберт Марковиќ - раководител на оддел за безбедност и интегритет во ФФМ и Зоран Саздов - заменик претседател на Комисија за безбедност и одговорно лице за контакт со навивачите во УЕФА ќе бидат одговорни за сигурноста и безбедноста на вкупната бројка на поддржувачи на нашата репрезентација за време на патувањето и престојот на ЕП.
 
Истовремено, сакаме да упатиме известување до јавноста дека ФФМ нема остварено контакт, ниту дадено било каква одговорност кон други лица кои се посочуваат во јавноста во врска со било каква организација на навивачите за натпреварите од ЕП.
 
На крајот, информираме дека сме во постојана комуникација со УЕФА и властите во Романија околу евентуалното зголемување на бројот на навивачи на Националната арена во Букурешт, но до овој момент сеуште е на сила одлуката за најмногу 33% исполнетост од капацитетот на стадионот.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе