Макс Ферстапен беше најдобар на вчерашните квалификации, а победи и на денешната прва спринт трка во новата сезона која му донесе пол позиција за утре.
Тој го загуби првото место пред првиот свиок од Шарл Леклер, но во финишот успеа да се врати на првата позиција и да победи.
Ферстапен со оваа победа освои осум бода и обезбеди пол позиција за утрешната трка, Леклер ќе стартува до него, Перез е трет, а Саинц четврт. Меѓу првите десет се Норис, Рикардо, Ботас, Магнусен, Алонсо и Шумахер.
Возачите на Мерцедес имаа разочарувачка трка, Расел заврши на 11 место, Хамилтон на 14.