Португалскиот селектор го објасни муабетот со Роналдо

Фернандо Сантош: Роналдо никогаш не се заканил со заминување

Денеска Фернандо Сантош беше на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Мароко, а најголем дел од прашањата беа за Кристијано Роналдо. 

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош објасни како течел муабетот со Кристијано Роналдо пред мечот со Швајцарија кога му кажал дека нема да биде стартер и вели дека капитенот никогаш не се заканил со заминување.
 
„Имав дијалог со Кристијано Роналдо. Разговаравме за португалскиот тим. На разговорот кој го имавме пред мечот против Швајцарија, му кажав зошто ќе го ставам на клупата. Ми реков дека нема да стартувам со него во осминафиналето. Тој не беше среќен, што е нормално. Тоа беше нормален разговор каде што двајцата го кажавме своето мислење“, вели Фернандо Сантош.
 
„Тој никогаш не ми рекол дека ќе го напушти кампот на Португалија. Не ми го рече тоа. Можевте да го видите неговото однесување, како ги славеше головите со своите соиграчи, поздравувањето со фановите...“.
 
„Кога на фудбалер кој е капитен на Португалија ќе му речете дека ќе почне од клупата, нормално е да не биде среќен. Кога му кажав дека нема да биде стартер, тој ме праша дали тоа е добра идеја. Секако дека не беше среќен, но ве уверувам дека никогаш не рече дека ќе ја напушти репрезентацијата. Тој се однесува најнормално. Оставете го Роналдо на мира“.
 
„На сите прес-конференции на Португалија, 90 проценти од прашањата се за Кристијано Роналдо“.
 
„Ние сме фокусирани на мечот со Мароко. Атмосферата во тимот е фантастична. Пред нас е многу тежок меч. Мароко има многу добар состав, ќе биде тешко“.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе