Премиерлига

Фернандеш во друштво на Кантона и Руни, Манчестер јунајтед го совлада Њукасл (ВИДЕО)

Бруно Фернандеш им се придружи на Ерик Кантона и Вејн Руни откако денеска забележа гол и асистенција во победата на Манчестер јунајтед од 3-1 над Њукасл.

Во претпоследниот натпревар од 25. коло во Премиерлигата, Манчестер јунајтед на домашен терен славеше против Њукасл со 3-1.

Рашфорд го отвори резултатот по половина час игра, напаѓачот го изненади голманот на Њукасл со удар на поблиската статива и донесе 1-0. Сепак водството не траеше долго, пет минути подоцна, Сент Максиман погоди под пречката за 1-1.

На асистенција на Фернандеш, Џејмс во 57. минута донесе 2-1 а победата ја осигура Фернандеш со удар од белата точка во 75. минута.

Португалецот сега зад своето име има 15 погодоци и 10 асистенции и им се придржи на Ерик Кантона, Двајт Јорк и Вејн Руни како единствените играчи кои во дресот на „ѓаволите“ имаат 10+ асистенции и голови во една сезона од Премиерлигата.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе