Португалски новинар тврди

Фернандеш наскоро ќе биде нов играч на Манчестер јунајтед

Бруно Фернандеш наскоро ќе стане фудбалер на Манчестер јунајтед, тврди португалскиот новинар на „О Жого“, Филипе Диас.

Манчестер јунајтед уште од времето на Жозе Мурињо се поврзува со Бруно Фернандеш но се чини дека овој пат трансферот конечно ќе се случи.
 
Зборувајќи во последната епизода од подкастот „Трансфер Ток“, новинарот Филипе Диас даде интересни информации поврзани со оваа зделка. Спортинг Лисабон е во финансиска криза и мора да продава.
 
„Приказната досега е дека Јунајтед овој пат е навистина блиску до Бруно Фернандеш. Според нас преговорите меѓу двата тима се во завршна фаза и договорот може да биде склучен за неколку дена или дури и за неколку часа, на Спортинг му требаат пари и мора да продава“, вели Диас.
 
Ситуацијата се промени од минатото лето. Спортинг не прифати понуда од Тотнем од 70 милиони евра која требаше да биде плаќана на две рати, прво 40, па потоа 30“.
 
„Но сега ќе прифатат 70 милиони евра, на неколку рати. Јунајтед е клуб кој навистина го сака Бруно Фернандеш и тој сака да игра таму“.
 
„Преговорите се интензивни во последните неколку дена и очекуваме дека наскоро трансферот ќе биде комплетиран“.
 
 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе