Рашфорд ја натера британската влада да ја промени одлуката и да продолжи да им доставува храна на децата и кога тие не одат на училиште. Фудбалерот на Манчестер јунајтед стана пример за борба за сиромашните. Сер Алекс Фергусон му симнува капа.
„Требате да бидете шокирани од бројот на луѓе на кои им е потребна храна. Маркус ги отвори очите на сите во Британија. Работата која ја направи е фантастична и сите ние сме горди на него поради тоа“, вели легендарниот Сер Алекс Фергусон.
„Момчето има само 23 години. Луѓето кои се постари треба да се запрашаат „што можам јас да направам“.
„Тој мене треба да ми даде некој совет бидејќи тоа што го прави на 23 години е фантастично за млада личност. Јас не треба да му давам совет него“.
„Тој е личност кој живее прибрано, со нозете на земја. Не дозволи фудбалот да го промени. Има опасност во фудбалот дека луѓето можат да се променат поради парите кои ги добиваат, но тој не го направи тоа“.
„Позицијата на славна личност некогаш може да ви направи проблеми во животот бидејќи не секој може да се носи со успехот. Но во моментов Маркус се држи навистина многу, многу добро“.