НБА

Феникс никако да запре, триумф над Голден стејт за 17. победа по ред (ВИДЕО)

Тимот на Феникс санс врза 17 победи во серија откако синоќа беше подобар и од Голден стејт со 104:96, Лејкерс со брилијантно второ полувреме го совладаа Сакраменто со 117:92. 

Сонцата од Феникс продолжуваат да блескаат, синоќа одиграа ушште една моќна партија и го совладаа Голден стејт. 
 
Натпреварот беше изедначен, никој не се одлепи со двоцифрена разлика освен Феникс во самиот финиш од мечот кога двапати поведе со по десет поени предност. Тие одиграа подобро во последниот период и го добија мечот со 104-96.
 
Ајтон со 24 поени и 11 скокови беше најдобар кај Феникс, во тимот на Голден стејт Пул реализираше 28, Кари беше одлично чуван и постигна за него скромни 12 поени.
 
 
Лејкерс губеше и со 13 поени разлика во текот на втората четвртина на гостувањето кај Сакраменто, но одигра фантастично второто полувреме кое го доби вкупно со 67-33 и на крајот победи со 117-92.
 
Леброн не играше на овој меч, најдобар беше Дејвис со 25 поени, Вестбрук постигна 23, Монк 22. Најефикасен кај Сакраменто беше Холмс со 27 поени.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Њујорк 112:110
Торонто - Мемфис 91:98
Феникс - Голден стејт 104:96
Портланд - Детроит 110:92
Сакраменто - ЛА Лејкерс 92:117

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе