НБА

Феникс го совлада и Далас и врза 11 победи по ред (ВИДЕО)

Сонцата од Феникс се во неверојатна победничка серија, нов на менито беше Далас кој го победија со 112:104. 

Далас на овој натпревар беше без Лука Дончиќ кој беше отсутен поради повреда, а тоа дополнително ја олесни работата на Феникс кој е во фантастична форма.
 
Победата беше обезбедена во последната четвртина која сонцата ја добија со 33-20, за на крајот да победат со конечни 112:104.
 
Букер и Бриџис со по 19 поени беа најефикасни во составот на Феникс, одличен беше и Крис Пол кој имаше 18 поени и 14 асистенции, најдобар кај Далас беше Порзингис со 23 поени и 12 скокови.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Индијана 121:118
Детроит - Голден стејт 102:105
Бостон - ЛА Лејкерс 130:108
Бруклин - Орландо 115:113
Милвоки - Оклахома 96:89
Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 94:81
Денвер - Чикаго 108:114
Феникс - Далас 112:104
Сакраменто - Торонто 89:108

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе