Ла Лига

Фенерџијата Уеска го намачи Реал, Бензема со прекрасен гол во 89. минута не дозволи нова бламажа (ВИДЕО)

Реал Мадрид стигна до триумф од 3-2 во дуелот со последно пласираниот тим на табелата, Карим Бензема со прекрасен гол во 89. минута ги донесе трите бода.

Зинедин Зидан за овој меч реши да направи голем број на измени. Варан, Модриќ, Крос и Асенсио не беа повикани, Куртоа беше повреден, Навас доби одмор па неговиот син Лука Зидан се најде помеѓу стативите.

Младиот голман капитулираше веќе во 3. минута, по една одлична акција Чучи погоди за 0-1.

Реал Мадрид изедначи преку Иско во 25. минута, Шпанецот на асистенција на Диаз од два метри ја затресе празната мрежа за 1-1.

Себаљос погоди во 62. минута за пресврт и 2-1, но гостите не се предадоа и преку Ечеита се изборија за 2-2.

Сепак, Бензема не дозволи нова бламажа, и мајсторски пласираше во аголот во 89. минута за 3-2 и славје.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе