Клубот од Истанбул се збогува со „дијамантот“

Фенербахче го потврди трансферот на Елмас во Наполи: Ти посакуваме да блескаш

Доцна вечерва пристигна официјална потврда за преселбата на Елиф Елмас на Сан Паоло, Фенербахче потврди дека има договор со Наполи за трансфер на Македонецот

По десетина дена шпекулирање и голем број на стории, конечно пристигна официјална потврда. Фенербахче доцна вечерва соопшти дека Македонецот започнува нова авантура.

„Ти посакуваме да блескаш сјајно каде и да одиш“ – напиша Фенербахче во постот на социјалните мрежи со кој пренесе за разделбата со „дијамантот“ Елиф Елмас.

Во краткото соопштение во кое нема детали за зделката се вели: „Постигнат е договор со Наполи за трансфер на Елиф Елмас. Играчот ќе отпатува за Италија и откако ќе ги помине лекарските прегледи ќе потпише за новиот клуб. Му благодариме на Елмас за придонесот кој го дада, тоа што беше горд навивач на Фенербахче, тоа што успешно го носеше грбот на клубот и што беше лојален на нашите бои. Ти посакуваме многу успеси во иднина“.

Се верува дека Наполи ќе плати 16 милиони евра, плус уште неколку додатни милиони во бонуси. Со вакви бројки, Елиф Елмас ќе биде рекорден трансфер на македонски фудбалер, но и рекордна продажба на Фенербахче.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе