Искусниот Германец пред трансфер во Турција

Фенербахче го купува Кедира од Јувентус, тој треба да им биде замена за Елмас

Елиф Елмас е пред трансфер во Наполи, а последните гласини велат дека Фенербахче сака да го купи Сами Кедира од Јувентус

Според „Скај Спорт Италија“, Фенербахче е сериозно заинтересиран за Кедира во кого гледа замена за Елиф Елмас кој треба да се пресели во Наполи.
 
Се очекува 32-годишниот Кедира да замине ова лето поради големата конкуренција по доаѓањето на Адриен Рабио и Арон Ремзи.
 
Тој постигна 21 гол во 87 настапи за Јувентус, и освои четири Скудета, но се мачеше со повреди.
 
Цената на Кедира поради возраста и неговата ситуација, не се очекува да биде висока.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе