Останал жив благодарејќи на фудбалот

Фелипе Мело раскажува каков е животот во фавела: Дрога, оружје... 95% од моите другари се мртви!

Фелипе Мело раскажува каков е животот во фавела, вели дека 95% од неговите пријатели се мртви и дека тој побегнал од дрогата и оружјето благодарејќи на фудбалот.

Фудбалерот од средниот ред, кој го носеше дресот на неколку клубови во Бразил и Европа, а во моментов ги брани боите на Палмеирас, отрива дека фудбалот го однел на прав пат. Тој потекнува од фавела во Рио, но благодарејќи на топката, побегнал од дрогата и оружјето.

„Бев роден и пораснав во најлошата фавела во Рио. Мојата мајка постојано беше дома со нас, а татко ми работеше по цел ден. Уште од мал сонував да играм фудбал, и доколку не станев фудбалер, не знам што ќе се случеше со мојот живот... Беше фудбал и само фудбал. Понекогаш, кога ќе се вратев дома од тренинг, ќе дознаев дека некој од моите пријатели е застрелан. 95% од моите пријатели од фавелата повеќе не се живи, сити се мртви. Одбраа друг пат и повеќе не се меѓу нас. Тие 5% кои се живи, успеаја да излезат од таму, да најдат работа, да имаат нормален живот“ – раскажува Фелипе Мело.

„Во фавелата сум видел работи кои не можете да си ги замислите, работи за кои не сакам ниту да зборувам. И јас имав шанса да дилам дрога, да носам оружје, но не го сакав тој живот. Паметам како еден ден главните дилери ми рекоа, „Имаш иднина, повеќе не сакаме да ти видиме тука. Доколку те видиме, ќе добиеш куршум во глава“. Преферирав со труд да стигнам до нешто, наместо да заработам лесни пари“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе