ФК Вардар

Фелипе: Да ја победиме Шкендија, нашата цел е да бидеме шампиони

Хуан Фелипе верува дека во сабота Вардар ќе го добие големото дерби против Шкендија и ќе се доближи на табелата до тетовскиот тим. 

Вардар во сабота во 14:30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува тимот на Шкендија во дербито на 10 коло од Првата лига. 
 
Вардар доживеа пораз во првото коло од Шкендија, па сега сака одмазда.
 
„Играме против првопласираниот тим на табелата. Шкендија има многу добар и силен тим, но ние сакаме да победиме и со три бода да им се доближиме на првата позиција. Исто така и Вардар е силна екипа и верувам дека ќе оствариме победа, и на некој начин ќе им вратиме за поразот во првото коло. Играме на домашен терен, ја поканувам публиката  да дојде во поголем број и да биде 12 играч на ова дерби за да дојдеме до трите бода“, изјави Фелипе. 
 
„Не само против Шкендија, туку против секој тим секогаш одиме на победа. Секој натпревар во овој шампионат е важен за повторно да ја освоиме титулата. Нашата цел е да бидеме на првото место на крајот од сезоната и затоа на овој натпревар како и на сите одиме на три бода“.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе