Лига на шампиони

Фелаини го спаси Манчестер јунајтед од срам и го однесе во осминафиналето! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со гол на Маруан Фелаини во судиското продолжение го победи Јанг Бојс со 1-0 и се пласираше во елиминациите од Лигата на шампионите, Реал Мадрид го доби дербито со Рома.

Манчестер јунајтед секунди го делеа од неславен рекорд и завршување на групната фаза од Лигата на шампионите без постигнат гол на Олд Трафорд, но за тоа да не биде така се погрижи Фелаини во судиското надополнување.

Јунајтед не реализираше неколку шанси, но и Јанг Бојс беше опасен од контра напади, се чинеше дека овој меч ќе заврши без победник, но тогаш Фелаини реализираше во 91. минута за победа на Манчестер од 1-0.

Во дербито на вечерашните мечеви кое и немаше некое посебно резултатско значење, Реал Мадрид со 2-0 ја победи Рома на Олимпико.

Римјаните пропуштија неколку убави шанси, а Реал Мадрид со голови на Бејл и Лукас во второто полувреме дојде до победа.

Манчестер Сити го завери пласманот понатаму откако одигра 2-2 на гостувањето кај Лион, французите два пати водеа, но не победија.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, Корне два пати му донесе водство на Лион, Сити изедначуваше најпрво преку Лапорт, а потоа преку Агуеро.

Пласман во следната фаза завери и Јувентус кој со гол на Манџукиќ по убава асистенција на Роналдо ја победи Валенсија со 1-0.

Баерн Минхен со 5-1 ја прегази Бенфика, Робен и Левандовски дадоа по два гола, еднаш погоди Рибери.

Пет гола имаше на мечот меѓу Хофенхајм и Шахтар на кој гостите победија со 3-2. Претходно Ајакс славеше во Атина против АЕК со 2-0, а гостинска победа од 2-1 забележа Плзен кај ЦСКА Москва.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе