Оваа сезона е ноќна мора за дефанзивците во Премиерлигата

Фати ме ако можеш: Адама Траоре со интересен трик им бега на ривалите

Фудбалерот на Волвс е ноќна мора за ривалите со својата брзина и експлозивност, тие често се приморани да го сопрат со влечење и тегнење, па Адама Траоре користи интересен трик и се мачка со бебешко масло.

Адама Траоре потекнува од школата на Барселона, но откако не успеа да се наметне на Камп Ноу, се реши за авантура на „островото“. Најпрво играше за Астон Вила, па две сезони во Мидлзбро за од 2018 да стане дел од Вулверхемптон.

Нуно Еспирто Санто му даде слобода по десната страна, Шпанецот оваа сезона е ноќна мора за ривалите и го привлече вниманието на најголемите клубови ширум Европа. Со својата брзина и експлозивност тој прави извонредни продори и ретко кој дефанзивец може да излезе на крај со него.

Има многу влечење и тегнење, и затоа Адама Траоре е приморан да користи интересен трик. Како што пренесуваат медиумите од Англија, тој ги премачкува рацете со бебешко масло и тоа пред почетокот на натпреварот но и за време на паузите.

Па на ривалите сега им е потешко да го фатот и да го успорат. И не само тоа, Адама Траоре на овој начин се штити од повреди. Се говори дека од декември па наваму, тој дури четири пати го дислоцирал рамото поради стартовите на противниците.

„Моравме да го сториме ова“ – вели инсајдер од редовите на Волвс за Сан. „Дефанзивците се загрижени дека ќе им избега со својата брзина и експлозивност, па го грабаа и тегнеа за раце. Ова предизвика рамото неколку пати да му излезе. Откако му ги мачкаме рацете, противниците имаат потешкотии да го фатат, па спречуваме нова повреда“.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе