Премиерлига

Фантастично дерби на Енфилд и победа за Ливерпул, Манчестер ј. конечно победи на гости, Арсенал со нов кикс (ВИДЕО)

Ливерпул со пресврт во вториот дел славеше со 2-1 над Тотнем, Манчестер јунајтед по долго време победи на гости со 1-3, Арсенал испушти два гола против Кристал Палас и одново киксираше.

„Црвените“ остануваат на +6 на врвот на табелата откако пред своите фанови со 2-1 го совладаа Тотнем. Гостите поведоа уште во првата минута, Кејн се најде на право место и со глава реализираше за 0-1 откако ударот на Сон од далечина завшри во пречката. 

Ливерпул потоа имаше неколку добри шанси, Газанига беше извонреден на голот и за сите овие промашувања за малку ќе стигнеше казна на стартот од вториот дел. Сон истрча во контра, се ослободи од Алисон и потоа на празен гол ја погоди пречката. 

Избраниците на Клоп конечно погодоија во 52. минута кога Хендерсон стралаше за 1-1, а потоа направија и пресврт од пенал. Орие неспретно го собори Мане, а Салах од белата точка донесе 2-1.

Манчестер јунајтед по долго време победи на гости и со 1-3 славеше на гостувањето кај Норич. Интересно е тоа што „ѓаволите“ промашија два пенали во првиот дел. Крул најпрво го одбрани обидот на Рашфорд, а потоа и на Марсијал.

Но голманот не мошеже да стори ништо кога Мектоминеј погоди од далечина во 21. минута, и кога по половина час игра Рашфорд доби топка во фор и погоди за 0-2. Марсијал во продолженито од мечот зголеми на 0-3, а домаќините дојдоа само до почесен гол преку Ернандез во финишот.

Арсенал одново киксираше откако пред своите фанови пропушти два гола предност против Кристал Палас. „Топчиите“ по 10 минути водеа со 2-0 откако по два корнери најдобро се снајдоа дефанзивците, најпрво Сократис донесе 1-0 а потоа Давид Луиз биеше за 2-0.

Сепак, гостите намалија од пенал во 32 минута преку Миливојевиќ, за на стартот од вториот дел Ају да го замолкне Емирати. Сократис погоди по втор пат во финишот и мислеше дека донесе 3-2 но голот беше поништен поради прекршок.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе