Последната одлука на „росонерите“ ги запали социјалните мрежи

Фановите на Милан бесни, Пиоли уште не дошол а веќе креирана кампања за негово заминување

„Росонерите" се пред ангажман на нов тренер, но фановите се незадоволни откако по синоќешните најави дека ќе пристигне Лучано Спалети, денеска падна одлука за ангажман на Стефано Пиоли.

Милан реши да ја искористи паузата за репрезентативен настап за да му врачи отказ на тренерот Марко Џампаоло. Синоќа на големо се пишуваше дека Лучано Спалети ќе го превзеде кормилото, извештаите велеа дека стратегот кажал ДА на проектот и си подал рака со „росонерите“. 

Сепак, Интер одби да го компензира Лучано Спалети за тоа што на Сан Сиро ќе заработува значително помала плата, па зделката пропадна во последен момент.

Милан веднаш се насочи кон друга опција и се најавува дека Стефано Пиоли ќе биде именуван за нов тренер. Тој ќе добе плата од 1 милион евра оваа сезона, а доколку продолжи и следната сезона, тогаш платата ќе му биде 1,5 милиони евра. 

Ваквата одлука не им се допадна на фановите кои својот револт го искажаа на социјалните мрежи и креира кампања за негово заимување, и покрај тоа што Стефано Пиоли се уште официјално не е нов тренер. Хаштагот PioliОut стана топ тренд на Твитер во Италија, а има и многу мемиња со мајтап за новонастанатата ситуација.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе