Редици пред Олд Трафорд

Фановите на Манчестер јунајтед побрзаа да го купат дресот на Роналдо, Адидас не може да испорача (ВИДЕО)

Пред Олд Трафорд денеска имаше големи редици, фановите на Манчестер јунајтед побрзаа да го купат дресот со број 7 на Кристијано Роналдо, Адидас има проблеми да обезбеди доволно количини.

Кристијано Роналдо минатиот месец се врати на Олд Трафорд, Португалецот потпиша на две години со „ѓаволите“. Синоќа беше соопштено дека Премиерлигата дала зелено светло за промена на бројот, па напаѓачот ја доби 7-ката, која му припаѓаше на Единсон Кавани. 

Денеска дресот беше пуштен во продажба, интересот е голем па пред Олд Трафорд имаше големи редици.

Медиумите од Англија исто така пишуваат дека Адидас има проблеми да обезбеди доволно количини.

Поради пандемијата на ковид-19, затворени се фабрики во Виетнам и се прават напори да се најде решение за што побрзо да се достави нова пратка. Одредени извори пренесуваат дека ќе бидат потребни месеци за да се стабилизира ситуацијата.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе